Advertising at The News And Times – advertising-newsandtimes.com

Advertisements – Advertising at The News And Times – advertising-newsandtimes.com | WE CONNECT!

Audio | Video | Top News | On Twitter | Security | FBI | Capitol Riot | JOSSICA | Trump | Russia | Putin | Russia – Ukraine War | Covid-19 | Brooklyn NY | Puerto Rico | World 

The Brooklyn NY Network

July 7, 2022 12:11 am

The News And Times | Featured Posts | All Articles | Current News | Selected Articles | Shared Links | Opinions | In My Opinion | Sites | Blogs | Links | Twitter | Facebook

Showing 1 - 20 of 53 stations

Amazing 80's (part of the Amazing Radios Network) plays the best 80's on the internet! It is the music treasure of all generations we have put at your disposal. Only the finest, greatest masterpieces. Enjoy your old favourites, rediscover artists, read about their work and music events through history. Enjoy the ultimate music experience and don't forget to Rock On!!

1994, го формиравме Антена 5 Радио со идеја Македонија да има совре­мено хит радио со комплетно нов радио израз кое ќе понуди модерна европска програмска концепција. Антена 5 во Македонија го воведе светски најраспространетиот и најуспешниот радио формат (CHR) Contemporary Hit Radio. Водителите на Антена 5 понудија нов, во тоа време модерен стил на најавување, прилагодувајќи го гласот кон ритамот на музиката и воведоа нов стандард кој создава и радио динамика, која е знак за препознатливост на Антена 5. АНТЕНА 5 од самиот почеток се вклучи во европскиот крем на радио станици кои беа собрани од музичката телевизија MTV ( MTV RADIO NETWORK), и како резултат на тие контакти и работа, стана дел од европската радио индустрија. Според резултатите од сите истражувања на слушаноста спроведувани во Македонија, веќе шеснаесет години Антена 5 е број 1 Радио по слушаност и рејтинг за целната група од 12-45 години, на национално ниво. Тимот на Антена 5 и понатаму ќе продолжи да истражува, креира и реализира проекти за публиката, со што Антена 5 ќе добие уште поголема, понова и помодерна димензија.

Balkan MIX Radio is an internet radio station from Skoplje, Macedonia providing Folk music.

Genres : folk

Зрачиме на фрекфенција 106,5 MHZ FM стерео. Студиото се наоѓа во Козле и е меѓу најголемите и најубавите студија во Македонија. На 200 м2 сопствен деловен и наменски простор се реализира магијата наречена CAPITOL FM радио.

Сити Радио е музичко радио кое постои од октомври 2002-ра година, а неговата мисија е да го облагороди етерот и да направи своите слушатели да уживаат. На фреквенцијата 94.7FM, во било кој дел од денот, скопската радиска публика има ексклузивна можност да стигне до најновите музички хитови, во живо да ги проследи најголемите светски музички случувања, да се запознае со последните светски музички топ листи, да ги дознае најсвежите информации од светот на музиката и на актуелниот jet-set. Она што го прави нашето радио исклучително е совршениот склоп на водители, DJ-и, технички изведувачи и креативен тим, кои се одбрани и усогласени за да ја направат радиската програма, а и секоја минута на ова радио до перфекција испланирана, интересна, уникатна и со стил. Водителите се искусни и препознатливи гласови, кои секој ден на свој автентичен начин, со различен концепт и тема ги анимираат слушателите, провоцираат комуникација со нив, пласираат најнова музика, интересни информации и свој уникатен и стилизиран начин на радиска забава. DJ-ите на Сити Радио се сите оние актуелни DJ-ски имиња кои ги полнат најдобрите клубови, а со нивните гостувања пошироко од Македонија, тие ја рушат претставата за Сити како локално градско радио. Дека локалноста на радиото е срушена докажуваат секојдневните писма и пораки на слушатели од светот, кои имаат можност да се постојано со Сити преку нашата интернет страница. Преку својот стил и начин на постоење Сити Радио има функција на забавување, едуцирање и размена на искуства со своите слушатели, а сето тоа ја подразбира мисијата на нашето радио да го исполни етерот со свежина.

Listen online to Club FM 103.4 in Skopje, Macedonia. Playing nice lounge music Show more

Екипата на Експрес радио е професионална и секогаш водечка цел на вработените во Експрес радио е дека слушателот и деловниот партнер секогаш се во право и секогаш се исполнуваат нивните барања. За музиката што се емитува на нашата програма се внимава таа да биде квалитетна. На Експрес радио се емитуваат хитови од забавна македонска и од екс југословенските простори. Секој работен ден од 07 до 10 часот се емитува утринска програма која претставува еден вид на градски информатор и слушателите се запознаваат со се она што се случувало и ќе се случува во градот. Во периодот од 10 до 15 часот секојдневно од студиото на Експрес радио се реализира отворената програма во која се третираат теми од областа на музиката, спортот, филмот, медицината, занимливости како и голем број на теми од секојдневието на нашите граѓани. Во состав на отворената програма се и Минутите за спорт на радио кој се емитуваат во 11:30. Во нашата програмска шема влегуваат и вестите што се преземаат од Македонското Радио во: 08, 10, 12 и 14 часот.

I love Heavy Metal is an Internet Radio station broadcasting from Skopje, Macedonia, providing Death Metal, Gothic Metal,Heavy Metal, Trash Metal and Metal Music.

Искра светлина во мрачните лавиринти на МРТВ, најголема љубов и зависност, гордост, најдоброто радио на целиот свет, стотројка.

Genres : folkmix

Кисс Фм Радио е Интернет Радио кое започна со работа на 15 Јули 2009 година и за многу кратко време достигна огромна слушаност како во Куманово така и во целиот свет.Нашиот тим го сочинуваат професионалци во својата работа кои неуморно 24 часа работат за Ваше добро расположение и секогаш се со позитивна мисла која ви ја пренесуваат преку музиката од нашето студио.

Од декември 2007 г. во етерот официјално ќе профункционира новото радио „Метрополис”, кој е подарок на слушателите по повод петгодишнината од постоењето на „Сити радио”. „Сити” групацијата неодамна го презеде националното радио, радио „Рос”, на чии фреквенции ќе се емитува "Метрополис”. „Сити радио”, „3Д” проект студио и клуб „ФМ” се само дел од екипата која најавува креирање на квалитетна домашна програма користејќи нови високопрофесионални стандарди, како и преземање странски програми.

Play Radio 90.4 has a great team, good number of listeners and better playlists with trending music what else is needed just tune in to the radio and start listening to the great top 40 and pop music based radio presentation. Play Radio 90.4 always plays top of the line top chart music for their music lover listeners.

Пулс Радио постои од септември 2011 година, а неговата мисија е да го облагороди етерот и да направи своите слушатели да уживаат. Сите содржини и музички избор се избрани за да допрат до слушателите од различни возрасти. На фреквенцијата 100.5 FM, во било кој дел од денот, тиквешката публика има можност да стигне до најновите музички хитови. , да се запознае со случувањата во Неготино и Тиквешијата, Македонија и пошироко. Нудиме говорни содржини кои ќе Ве едуцираат, насмеат, информираат...

Zapocna so rabota dalecnata 1994 godina kako eksperiment i hobi na Mitre Don-Kihot. So pojavata na internetot eve povtorno voskresna za da ve zabavuva i druzi so vas. Da ve razveseli ili rastazi so dobra muzika (vo zavisnost od stilot na muzikata)

Ова е официјалната веб страна на Радио 105 Актуел Бомбардер од Битола на која што можете да најдете информации за нас а исто така преку оваа страна ви е овозможено слушање на Радио 105 во живо директно од нашето студио. Ова радио постои веќе 25 години, зрачи на бранова должина од 100,5 МHz FM и ја покрива територијата на град Битола и повеќето општини околу неа а исто така можете да ја следите и преку интернет

106-ка е позната по презентирање на најновите хитови, кои ги слушате секогаш прво на 106.6 фм, а потоа на сите други фреквенции. Покрај најновите хитови, неизбежно, тука се и старите добри класики, кои се внимателно одбрани. 106-ка нуди и други интересни програмски содржини за кои повеќе ќе дознаете со разгледувањето на страницата.

Богатата фонотека на Радио 5 веројатно е најголемата и најавтентична збирка на аудио материјали кои сведочат за историјата и растежот на Прилеп во изминатите 9 години. Радиото го бележеше животот на прилепчани, му овозможуваше да ги слушнат новостите и важните настани истовремено, но и влијаеше на текот на настаните. Уште повеќе: Радиото беше и се уште е гласот на прилепчани! Ја одразуваше колективната свест на прилепчани и нивните желби за подобрување на животот во градот што го сакаат и е нивен. По доаѓањето на интернетот и првите интернет провајдери, се склучи договор за онлајн стриминг на програмот на Радио 5 преку интернет, по што беше покриен и оној сегмент – дијаспората, кој беше многу битен за проширување на македонската култура и овдешните прилики на македонците ширум светот. Денес Радио 5 е современ електронски медиум со мошне високи содржински и технички принципи на радио форматот, по кој се издвојува од сите други радио станици во Прилеп. Во време кога комерцијалноста, а со тоа и и кичот навлезе во многу пори од животот, и многумина продаваат шунд спакован во украсна фолија, ние и натаму се стремиме да го издвоиме она што е вредно и трајно. Нашата музичка програма е комбинација на различни музички стилови, стари и нови, од странски и домашни евергрини, но секако незаборавни музички нумери. Не ги следиме трендовите по секоја цена, туку ги селектираме по вредност и музиката и информациите што ги пласираме на нашите мегахерци. Избегнуваме локални трачеви, навреди на личности, прекинување на музики нумери со зборување, напорни и долги информативни програми, непотребно долги разговори и коментари со пласирање на лични ставови на новинарите, а се стремиме кон етика во информациите и говорот, го поддржуваме македонскиот литературен јазик и култура, и пред се ги следиме желбите на прилепчани. Тука сме кога им требаме, го креваме гласот за да ги заштитиме нивните права, и до денес останавме верни на првичната идеја - Радио 5 да биде пулсот на прилепчани, нивните очи и уши.

Радио 5ФМ постои од 18 Февруари 2001 година, кога доби лиценца за емитување програма на локално ниво. Според форматот, Радио 5ФМ е говорно - музичко радио со претежно забавен општ формат. Според музичката понуда, 5ФМ е Adault Contemporary Hit Radio (ACHR). Предавателниот пункт се наоѓа во месноста Св. Илија, на надморска висина од 555 метри. Радио 5ФМ зрачи на фреквенција од 107,1 MHz, со јачина на предавател од 100W. Дотурот на сигналот од студиото до предавателниот пункт е дигитален. Покрај Велес, сигналот на Радио 5ФМ стигнува и до Свети Николе, Лозово, Градско, Чашка, Богомила и делови од Скопје. Освен терестијално, Радио 5ФМ зрачи и на интернет, во дигитален AAC формат. Во текот на своето работење, Радио 5ФМ стана лидер во медиумскиот простор на Велес. Дневниот рејтинг на слушаност изнесува 25% на територијата на Општина Велес, а одредени сегменти од програмата достигнуваат рејтинг и преку 40%. Радио 5ФМ прерасна во "школо" за радио новинарство и радио водителство.

На фреквенција од 96.5 MHZ во Кичево, 24 часа на ден, се емитува музика по избор на слусателите,најнови хитови од македонската и странската музичка сцена и промоција на албуми. Секојдневен радио сервис кој ве информира за сите настани од градот,околината ипошироко. Денес Радио АКОРД со својот сигнал ја покрива целата територија на општина Кичево и околината, а исто така програмата на АКОРД Радио може да се следи и преку интернет на нашата веб страница www.radioakord.com Вие сте на вистинската радио-фреквенција,контактирајте не редовно, Ви стоиме на услуга. Сосема спонтано, проследено од нашите желби да навлеземе во светот на музиката настана - АКОРД - звукот на музичките ноти проткаени со гласот на народот!

Радио Александар Македонски за прв пат започна да jа емитува своjата програма во 1995 година, во ден Илинден, втори Август, во град Кичево. . Show more

WP Radio
WP Radio
OFFLINE LIVE